Осомничен за убиството е работник во неговата фирма, кој е уапсен во друга држава, на 230 километри од местото на злосторството.
Македонец е пронајден убиен во средата во Крествуд во американската држава Илиноис, а седиштето на неговата фирма било запалено Убиениот е 48-годишниот Дане Котески, газда на компанија од САД, по потекло Македонец. Осомничен за убиството е работник во неговата фирма, кој е уапсен во друга држава, на 230 километри од местото на злосторството.
„Кратко по 16 часот во средата, полицијата и пожарникарите на Крествуд одговорија на повикот за силен чад во компанијата „ATG Truckload“. Починатиот сопственик на компанијата е идентификуван како 48-годишниот Дане Котески, кој на веб-страницата на транспортната компанија е наведен како претседател и извршен директор“, пренесоа некои американски медиуми. Пожарникарите на Крествуд брзо го изгаснале малиот пожар, кога на вториот кат од зградата, сред густ чад, било пронајдено тело на маж.
„Во текот на следните неколку часа, инспекторите собраа и следеа бројни траги. Осомничениот е идентификуван. Утврдено е дека станува збор за возач кој работел кај починатиот сопственик на фирмата“, соопштуваат од полицијата. Полицијата го карактеризира ова злосторството како „изолиран инцидент, насочен само кон жртвата“ Се чекаат резултатите од обдукцијата. Полицијата и Единицата за тешки злосторства, во соработка со обвинителството, ја продолжуваат истрагата додека работат на екстрадиција на осомничениот назад во Илиноис. За помош на семејството на починатиот Котески, започна хуманитарна кампања преку платформата GoFundMe. Секој што сака да помогне може да донира средства, а секоја помош ќе биде од големо значење за семејството во овие тешки моменти.