Во организација на Министерството за внатрешни работи и ТАВ Македонија денеска и утре на Меѓународниот Аеродром Скопје се одржува симулациска вежба за вонредни состојби.
-Апелираме до граѓаните кои ќе се најдат во близина на одвивањето на вежбата да ги почитуваат наредбите од полициските службеници со цел безбедно одвивање на сообраќајот или јавниот ред и мир, соопштија од МВР.