10.8 C
Скопје
08/03/2025 09:20
МАКТЕЛ

    

ДУИ се бори за својот идентитет

      

Генерално, приказната за ДУИ откако се состави новата влада е приказна на блага конфузија. Уште во последните десетина денови од кампањата за изборите во мај 2024 ДУИ го загуби наративот. Некој ќе каже дека се врати на основните пораки од револуционерните години на партијата, но тоа беше главно рециклажа на работите за кои и самата тврдеше дека во голема мерка се завршени. А кога рециклираш стари работи тие ја немаат свежината на оригиналот, па често се гледаат и како истрошени. Да ги погледнеме само последните изјави од оваа недела. Потпретседателот на ДУИ и поранешен министер за надворешни работи, Бујар Османи, рече дека во Белград се подготвувал проект и се спроведува во Македонија за уривање на статусот на Албанците од државотворен народ во малцинство. Османи рече дека упатиле братски апел до „Вреди“ за да се здружат да го стопираат овој проект.

„Историјата ќе ви суди дека го легитимиравте проектот за рушење на нашата државотворност што некој ја донесе со крв пред 20 години“, рече Османи. Тој уште нагласи дека ќе се предизвика длабока политичка криза и не ќе можат да се одржат локалните избори, па тогаш ќе требало да се седне на маса уште еднаш. Во средината на март Уставниот суд треба да донесе одлука за Законот за јазиците што може да предизвика сериозни политички потреси, откако укинувањето на балансерот имаше слаба експлозивна моќ. ДУИ се надева дека ќе може да анимира големи протести ако има „лоша одлука“, затоа што тоа е „морална, национална и човечка обврска кон оние што дадоа живот за овој јазик“. Неколку дена пред него слична изјава даде и лидерот на партијата Али Ахмети.

   

Ова се комплицирани времиња за ДУИ и партијата уште не знае што да прави и како да се постави откако не влезе во владата, и како да ги конципира своите политики. ДУИ беше еден од главните протагонисти на европскиот пат на Македонија. Не само што Бујар Османи беше министер за надворешни работи, туку и затоа што политиката на партијата беше целосно фокусирана на ЕУ. Сега, откако исполнувањето на условот за продолжување на преговорите – уставните промени – не е на политичкиот дневен ред, ДУИ сака да се акомодира на политичката ситуација. Како? Па, најдобро е со националистички пораки. Како што тоа го направи Али Ахмети во последната недела од кампањата за изборите и придонесе ВМРО-ДПМНЕ со контранаративот да добие уште 40-50.000 неочекувани гласови. Тогашниот премиер Димитар Ковачевски ги молеше двата националистички протагонисти да не играат на етничката карта. Но тогаш него веќе немаше кој да го слуша. ДУИ доби нешто плус гласови, а ВМРО-ДПМНЕ голем контингент.

 

Маргиналната улога на „Вреди“

Коалицијата „Вреди“ лесно се откажа од својот услов во првите шест месеци да се направат уставните измени и сега само ги повторува изјавите на премиерот или министрите од ВМРО-ДПМНЕ. Ним им е многу комотно во владата, свесни се дека не можат ништо посериозно да направат, а не ни размислуваат тоа да го постават како услов без кој не се може за да останат во кабинетот на Христијан Мицкоски. „Вреди“ објективно нема важна улога во владата, нејзините ресори се маргинализирани, нејзините кадри не оставаат печат; првиот вицепремиер Изет Меџити е министер за екологија и освен честите изјави посветени на политички пресметки со ДУИ (неговото партиско крвно сродство) зад него нема некоја посебно остварена работа. Ниту пак јавноста има претстава како работи ресорот. Тоа министерство во енормно загадената држава е целосно маргинализирано.

Целата коалиција „Вреди“ е во длабока сенка на ВМРО-ДПМНЕ и со изгубен идентитет. Дури и партиските соопштенија на „Вреди“ изгледаат како да се пишувани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ и потоа се дистрибуираат до коалицијата. Лексиката, структурата и архитектурата на пораките го сугерираат тоа. Се разбира, тоа може да е сосема погрешна претпоставка и незаснована на факти. Но, бидејќи македонската политика во голема мерка е борба со секојдневни соопштенија на партиите (по неколку на ден) архитектурата на соопштенијата е многу важен детаљ. Или едноставно, „Вреди“ ја научиле моетодологијата на поголемиот партнер во владата и ја спроведуваат таа стратегија.

Кога партиципирањето на „Вреди“ во владата е маргинално, кога министер од третиот партнер ЗНАМ, грубо го навредува вицепремиерот Меџити, кога владата генерално не покажува резултати, нема реформи, замрзнат е патот кон ЕУ, инфлацијата не може да се запре, граѓаните имаа значајни очекувања, а сега се разочарани дека владата нема разработен концепт како да работи – ДУИ не знае што да прави. Оваа силна партија која заедно со неколку коалициски партнери во „Европскиот фронт“ освои најмногу гласови на парламентарните избори во албанскиот блок, го загуби политичкиот инстинкт и се врти во круг околу националистичките и етничките прашања. За Албанците тие секогаш биле многу важни, некогаш дури и најважни, но ДУИ сега сака да прави стар темел на партиската политика. Пред четири години се претставуваше како зелена партија, која тврдеше дека го менува наративот во граѓански проект. Потоа 24/7 работеше на европската агенда и во тоа потроши најголем дел од својата енергија, за сега да се сврти на национализмот.

Има неколку причини за тоа, но најважната е што европската агенда е истисната во Македонија. Втората е што парламентарната група на ДУИ во Собранието е прилично слаба и не отвора никакви дебати. Во неа има неколку поранешни министри, но тоа се бескрвни политичари, слаби оратори, претходно поврзувани со масивна корупција, па јавноста многу малку ги слуша кога зборуваат во Собранието. Или воопшто не ги слуша. Мистерија е кој беше мотивот на Али Ахмети да ја осакати пратеничката група, но вистински одговори тешко може да се најдат. Некои од „младите лавови“ на ДУИ, за кои јавноста имаше политичка почит – како Арбер Адеми и Крешник Бектеши – не се никаде во политичката констелација. Бектеши се појавува одвреме-навреме во некои телевизиски дебати, Адеми ни толку. Бујар Османи се врати на работа како хирург, а за партијата можеше да биде важен како пратеник. И сега со националистички пораки сака да го привлече вниманието.

 

Контроверзни пораки

Всушност, целата партија со контроверзни пораки сака да го привлече вниманието на јавноста, главно во албанскиот кампус, иако тоа е под нивото од пред една година. ДУИ сега се бори за својот идентитет, а не знае каде да го бара. Национализмот е најлесно засолниште. Изгледа дека и Али Ахмети со погрешни потези придонесува за маргинализирање на партијата. На локалните избори ДУИ би можела да биде најсилна партија во албанскиот блок (може така и ќе биде), но тоа би се случило благодарение на лошата работа на „Вреди“, а не на неуморната политичка активност на партијата на Ахмети. ДУИ веројатно ќе освои најмногу гласови на советничките листи, но може да загуби клучни градоначалнички места, како во Тетово, Струга, скопски Чаир, па дури и Кичево, затоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе застане целосно зад кандидатите на „Вреди“ за таа помош да им донесе победа. Во Тетово градоначалникот Билал Касами, лидерот на Беса, има прилично млак и контроверзен мандат зад себе. Тој изгледа како да е најголемиот националист во коалицијата „Вреди“, но нема да му пречи на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи. Ако ДУИ успее да го освои Тетово, тоа ќе биде удар не само за „Вреди“, туку и за ВМРО-ДПМНЕ.

Некои зборуваат дека Теута Арифи пак би можела да добие некоја многу важна функција во партијата. Иако секогаш била во врвот или околу него. Таа многу години е близок аѓутант на Али Ахмети. Наводно, таа би требала да биде мостот што треба да се изгради кон Изет Меџити. Арифи и Изет Меџити беа главните архитекти да се напушти Никола Груевски и коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ по изборите во декември 2016 и да се формира влада со СДСМ. На кој начин би функционирале сега со Меџити? Ако овие шумолења се точни, Меџити и неговата партија Демократско движење би требало да ја напуштат коалицијата „Вреди“ и владата да влезе во криза.

Што би била целта? Тогаш ДУИ да влезе во владата? Во овој момент тоа изгледа неверојатно и политички самоубиствено за Изет Меџити. Но би значело големо задоволство за ДУИ, затоа што би се нашла онаму каде што мисли дека природно припаѓа. Во основа, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се најприродните партнери во македонската политика. Иако идеолошки не се слични (ВМРО веќе не е класична демохристијанска партија туку оди кон крајната десница, а ДУИ е повеќе левичарска структура), тие имаат извонредно разбирање во нивните кодови – тоа е национализмот и етничкиот ексклузивитет. Врските меѓу многу видни членови на двете партии и натаму се многу силни. ДУИ никогаш го немаше тоа разбирање со СДСМ.

За ДУИ е разочарување што американската амбасада изгледа веќе не смета на оваа партија. Кога американскиот и европскиот амбасадор една година секој ден зборуваа за корупцијата во Македонија, тие главно мислеа на ДУИ, иако јавно не можеа тоа да го кажат. Кога Артан Груби беше ставен на американската црна листа амбасадорката Анџела Агелер изјави дека била „многу задоволна“, иако заедно работеа на многу проекти, вклучително и изградбата на автопатишта на „Бехтел и Енка“, над кои стои голема сенка за корупција. Агелер го фрли низ вода еден од нејзините клучни политички соговорници без да трепне. Сега ДУИ бара контакт со новата американска администрација. Тоа може да ѝ успее, затоа што Али Ахмети е дел од групацијата на Хашим Тачи (кој уште е во ќелиите во Хаг) и другите структури на ОВК, додека коалицијата „Вреди“ е директно и со илјада ортоми поврзана со косовскиот премиер Албин Курти, кој одамна ја загуби наклонетоста на Вашингтон.

Во целата приказна за осомничените и избегани Артан Груби и Перпарим Бајрами нема ништо ново. Ниту се знае каде се, ниту јавноста последните 3-4 недели е посебно заинтересирана за нив. Полицијата не дава никакви детали. ВМРО-ДПМНЕ се откажа од политичкиот наратив да го споменува секојдневно Артан Груби, затоа што тоа веќе не служеше за ништо и имаше спротивен ефект. Затоа што ако многу се зборува за Груби, а ништо не се прави да биде донесен назад, а наводно ни полицијата не знае каде е, заедно со наводите дека тој ја напушти Македонија со премолчена дозвола на властите, тоа не е е наратив за политички придобивки. Затоа ВМРО-ДПМНЕ направи еден мал одмор од Груби. ДУИ, барем јавно, се дистанцира од Груби, „Вреди“ го споменува одвреме-навреме, колку темата да не биде целосно закопана. Многумина, особено од „Вреди“ тврдат дека Груби е во Албанија. Можеби и е. Ако е таму, тешко дека премиерот Еди Рама би го испорачал, поради блиските односи што ги градеа многу години.(dw)

Љупчо Поповски

  

Најново

Две лица полесно повредени во сообраќајка со повеќе возила на Партизанска

Sase Ivanovski

Повредени 12 лица во престрелка во Торонто, напаѓачот е во бегство

Sase Ivanovski

На скопскиот аеродром ќе се спроведе симулациска вежба за вонредни состојби

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „ЕВЕ КОИ ПЕСНИ МИ ДОНЕСОА РАДОСТ“ Кралот Чарлс слуша Марли и Грејс Џонс

Sase Ivanovski

ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ДА ЈА ПОЧИТУВА НАШАТА БОЛКА Семејството на Фросина бара да се промени локацијата на маршот

Sase Ivanovski

МАКЕДОНЕЦ Е УБИЕН ВО АМЕРИКА Запалена му е и фирмата

Sase Ivanovski

КУМАНОВЕЦ Е ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО ВОЗИЛО Починал од природна смрт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Две лица повредени по судар со возило на Брза помош на „Партизанска“

Sase Ivanovski

ПОНЕЖНИОТ ПОЛ Е ОДГОВОРЕН УЧЕСНИК ВО СООБРАЌАЈОТ!

Sase Ivanovski

Времето денеска сончево со максимална температура до 23 степени

Sase Ivanovski

ЕУФОР ќе го зголеми бројот на војници во БиХ

Sase Ivanovski

Жените сè уште се соочуваат со дискриминација и предрасуди, вели Силјановска-Давкова

Sase Ivanovski

Гори шума во Мариово, пожарникарите „се крстат“ во студот

Sase Ivanovski

Српскиот министер за култура Никола Селаковиќ тврди дека го нападнале непознати луѓе на улица

Sase Ivanovski

Трамп: Путин сака војната да заврши, потешко излегувам на крај со Украина

Sase Ivanovski

Олимпијакос славеше убедливо против Партизан во Евролигата

Sase Ivanovski

Ракетите „Патриот“ од американско производство го заштитија Киев. Европа нема лесна замена

Sase Ivanovski

Полска: Сите возрасни мажи да поминат воена обука, ставање на темата за нуклеарното оружје на маса, додека Трамп се свртува кон Русија

Sase Ivanovski

Џин Хекман почина дома една недела откако неговата сопругата Бетси Аракава почина од хантавирус

Sase Ivanovski

Обновата на Либан по војната со Израел ќе чини 11 милијарди евра, пресмета Светската банка

Sase Ivanovski

Нема можност да се откаже договорот со Бугарија, вели Нано Ружин

Sase Ivanovski

Штрајкови ја тресат Германија – во понеделник најавена блокада на 11 аеродроми

Sase Ivanovski

Зеленски нема намера да му се извинува на Трамп за расправијата во Овалната соба

Sase Ivanovski

Додик им порача на Србите да не се грижат – тој знаел што прави

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Нова „војна“ на грчките улици – горат барикади во центарот на Солун

Sase Ivanovski

Битраков: Колку повеќе директори, толку поголеми шанси за корупција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сообраќајна несреќа вечерва на скопската обиколница

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Големи собири во Србија, вработени во РТС протестираа заедно со студентите во Белград

Sase Ivanovski

Исланд пред 12 години ги прекина преговорите со Брисел, ама сега пак му се влегува во ЕУ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип Кочани во близина на село Тркање

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Бојковска: Рекорден буџет за 2025 година за подобрување на младинскиот стандард

Sase Ivanovski

Јужнокорејски авиони по грешка фрлиле бомби врз населено место, 15 повредени

Sase Ivanovski

Видеото со „отпуштениот пилот од Луфтханза кој одбил да запрашува со хемикалии“ е сатирично

Sase Ivanovski

Русија изврши масовен ракетен и дронски напад врз голем број енергетски инфраструктури низ Украина

Sase Ivanovski

Дали ретките минерали во украинската почва се ретки во светот и каква е нивната геополитичка вредност?

Sase Ivanovski

Членството во СЕПА е признание за нашата посветеност на стабилноста, модернизацијата, и на финансиската интеграција во ЕУ

Sase Ivanovski

Два големи пожари изгаснати вчера, густиот чад се гледаше и во Скопје

Sase Ivanovski

Распадот на ракетата „Старшип“ на СпејсИкс го наруши воздушниот сообраќај во Флорида

Sase Ivanovski

Таравари: „Ѓока констракшн“ е eдинствената фирма што се пријави да стопанисува со паркингот на Клинички

Sase Ivanovski

Крипто лидери ќе се сретнат на самитот со Трамп каде во фокус ќе бидат стратешките резерви

Sase Ivanovski

Тошковски: Го зајакнуваме партнерството меѓу Македонија и Израел во доменот на безбедноста

Sase Ivanovski

Како референдумот на Орбан за Украина во ЕУ се претвори за Унгарија

Sase Ivanovski

Американската амабасадорка Анџела Агелер во посета на Уставниот суд

Sase Ivanovski

Меѓународниот ден на жената одбележан со пленарна седница на тема „Триесет години заложби и достигнувања за подобрување на статусот на жените и идни планови за акција“

Sase Ivanovski

МЗШВ: Успешна недела на инфо – караванот за Мерка 1 од ИПАРД 3

Sase Ivanovski

Ооштина Центар: Наместо цвеќиња за 8 Март, Герасимовски подели билети за претстава во Театар Комедија

Sase Ivanovski

“Уставен суд на Република Северна Македонија”: Амбасадорката на САД Анџела П. Агелер во посета на Уставниот суд

Sase Ivanovski

Влада: Информациите за набавка на овошје и зеленчук објавени во јавноста не се точни

Sase Ivanovski

СДСМ: Министерке Кочоска, економијата не стагнира – таа тоне!

Sase Ivanovski

Приведен велешанец баран по потерница

Sase Ivanovski

Петрушевски: СДС признаа дека го координираат ССМ, барањата на синдикатот се нереални и политички

Sase Ivanovski

Пронајдено огревно дрво без документација во кавадаречко, приведено едно лице

Sase Ivanovski

МОН: Се зголемува бројот на училишта кои воведуваат едносменска работа, за целосна оптимизација на училишната мрежа ќе се вложат 8 милиони евра

Sase Ivanovski

Вчера 622 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 111 за брзо возење

Sase Ivanovski

Герасимовски: Заедно со пензионерите ги реализираме сите проекти, позитивно оценети услугите Итно копче и нега за стари лица

Sase Ivanovski

Џонсон Мети во стратешко партнерство со Brainster NextCollege за поврзување на образованието и индустријата

Sase Ivanovski

Тошковски во посета на Израел: Го зајакнуваме партнерството меѓу Македонија и Израел во доменот на безбедноста

Sase Ivanovski

Работилница за колективна изработка на транспаренти

Sase Ivanovski

СДСМ: „Тендерски мрежи“ ќе биде најголмиот корупциски скандал во историјата, имаме преку 50 случаи за корупција на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Герасимовски: Признанието на Црвен Крст е потврда за хуманитарните активности спроведени во Општина Центар

Sase Ivanovski

Промоција на СЕКУНДАРНА АРХИВА, посветена на жени уметнички

Sase Ivanovski

Трипуновски: Сериозен акцент дадовме на сточарското производство, целта е најмладите да пијат домашно и квалитетно млеко

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Гордана Сиљановска–Давкова со Гордан Јандроковиќ, претседател на Саборот на Република Хрватска

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е против инвестирање во капитални проекти, не сака државата и економијата да се развиваат и за ова го злоупотребува ССМ

Sase Ivanovski

Анастасовски: Како Комисија за ИТ ги насочуваме младите кон целосно користење на дигитализацијата

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ не планира реформи во правосудството, сите реформски закони се закочени

Sase Ivanovski

Муцунски: Невистинити се обвинувањата на Кузеска, има 24 часа да се извини, во спротивно ќе поведат постапка за навреда, клевета и нарушување на угледот

Sase Ivanovski

Министерство за финансии, Димитриеска-Кочоска: Економијата повеќе не е во стагнација, резултатите од нашата работа стануваат видливи

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведени две лица за предизвикување пожар и тешка кражба

Sase Ivanovski

МТСП: Социјалните работнички го трансформираат животот на жените и ја помагаат нивната економска независност

Sase Ivanovski

Мицкоски: Индустриското производство во јануари порасна за 1,4 проценти, а извозот е пораснат за 5 проценти

Sase Ivanovski

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на третиот Правосуден форум за родова еднаквост и правосудството во Западен Балкан

Sase Ivanovski

СДСМ: Колкави провизии се кријат зад скандалот со шиткање на паркиног на Клинички центар?

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС секој ден во одбрана на ССМ, кого го наседнаа да излезе со партиски барања како работнички

Sase Ivanovski

Мицкоски: Кога од опозицијата коментираат со лаги, измислици и навреди, ги загрозуваат нашите стратешки интереси заедно со нашиот стратешки партнер САД

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: ДПМНЕ го напаѓа Синдикатот само затоа што не сака да ги покачи платите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Протест против молкот на власта за Кочоска – СДСМ нема да учествува на седница ниту во Клубот на пратенички

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Во Кисела Вода се гради, така продолжуваме и во иднина

Sase Ivanovski

СДСМ, Нов скандал: Муцунски со омилена фирма во тендерската мрежа на ДПМНЕ

Sase Ivanovski

ЈПКХС: ЕКО-ПАТРОЛАТА НА ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ИЗГОТВИ 32 ЗАПИСНИКА ВО ТЕКОТ НА МЕСЕЦОТ ФЕВРУАРИ

Sase Ivanovski
Вчитувам....