За периодот на владеење на новата власт, долгот на УЈП кон компаниите за поврат на ДДВ е зголемен на околу 70 милиони евра. Проверката е направена откако фирми се пожалија дека овие средства, потребни за ликвидно работење, им се должат со месеци. Сумите се од неколку стотици до неколку милиони евра, а доцнењето по 4-6 па и 8 месеци, а кај некои со години. За ТВ21 ова го потврдија и од Сојузот на стопански комори.
Според добиените податоци, од јули лани до крајот на годината, невратениот ДДВ кон компаниите бил речиси 60 милиони евра, а годинава не биле вратени 8 милиони евра. Од УЈП тврдат дека повратот на ДДВ се исплаќа редовно, освен во случаите каде што треба дополнителна проверка.