Германската авиокомпанија Луфтханза во понеделникот соопшти дека се надева дека администрацијата на Трамп ќе го поддржи Боинг во надминување на проблемите што доведоа до одложување на испораките на нови авиони, изјави во вторникот извршниот директор на компанијата Карстен Спор. Луфтханза денеска ги објави резултатите кои покажуваат пад на заработката од 39 отсто на годишно ниво на 1,64 милијарди евра, наведувајќи ги како причина доцнењето на испораките на авиони, штрајковите на вработените и други влијанија врз цените ширум светот.
„Луфтханза има 41 авион само во САД кои чекаат испорака“, рече Спор. Одговорните велат дека речиси сите од околу 240 авиони на кои компанијата смета во наредните години ќе бидат погодени од некаков вид на доцнење. „Може да се појават потенцијални доцнења и поради проблеми со синџирот на снабдување во производството на авионот и поради проблеми со сертификацијата, што особено се однесува на ситуацијата во САД меѓу Боинг и Федералната управа за авијација“, рече Спор, пренесува Танјуг.