Денес Венко Филипче требаше да се извини што полицајка жена се удираше во пајак возило и тоа беше оправдувањето за нападот врз полицијата со цел да се заштити насилник од ДУИ кому полицијата и пајак возилото пробала да го подигне возилото. Денес Венко Филипче требаше да се извини што во ковид криза преку Стабри од Хонг Конг преговараше вакцини двојно поскапи од вообичаеното и додека луѓе умираа Филипче профитираше. Денес Венко Филипче требаше да се извини за крвавите тендери во здравството од компанијата управувана од човек по име Александар Јовановски – Жути, човек без било какво искуство во медицинската опрема, и кој во централниот регистар како адреса за контакт ја навел веќе легендарната [email protected]. СДС покажа дека не се менува. Филипче е продолжение на Зоран Заев.
ВМРО-ДПМНЕ: Додека Венко беседи, Заев во Дубаи печали и гради згради, наместо да збори за жените, требаше да се извини за криминалот, бедата и корупцијата
Венко Филипче наместо празни говори за правата на жената на партиски собири каде едвај се собрани неколку стотини членови донесени со комбиња и автобуси, денес требаше да се извини на Македонија за целиот криминал, беда и корупција која ја донесе на сите граѓани. Додека Венко беседи, Заев во Дубаи печали и гради згради. Денес Венко Филипче требаше да излезе и да се извини за запалената модуларна болница каде живи изгореа 14 луѓе. Денес Венко Филипче трбаше да излезе и да се извини за несреќата во Ласкарци каде загинаа 16 лица. Денес Венко Филипче треба да се извини за несреќата на Беса транс во Бугарија каде загинаа 45 луѓе. Денес Венко Филипче требаше да се извини за тоа што додека тој беше министер за здравство животот го загубија над 70 илјади луѓе поради ковид пандемијата.