Натпреварот Македонија – Холандија беше специјален за нашиот футсал репрезентативец Мартин Тодоровски. Кумановецот по јубилеен 100-ти пат настапи за македонската футсал репрезентација. Достигнување вредно за респект.
Тодоровски моментално има двојна улога во спортот, бидејќи е тренер и во младинските категории на фудбалскиот клуб Еуроспорт од Куманово.




