Полскиот премиер Доналд Туск реагира на променетата безбедносна ситуација во Европа и најавува задолжителна воена обука за сите возрасни мажи во Полска. Оваа одлука доаѓа како дел од пошироката стратегија за зајакнување на националната одбрана. Полска во моментов издвојува повеќе средства за одбрана од која било друга земја членка на ЕУ и НАТО. Целта е проширување на армијата и зголемување на вклученоста на населението во одбранбените сили, а главната причина е војната во Украина и потенцијалната закана од Русија. Според новите мерки, секој возрасен маж во Полска ќе помине задолжителна воена обука. Премиерот Доналд Туск во говорот пред парламентот во Варшава рече:
„Ќе се обидеме да имаме готов модел до крајот на годината, така што секој возрасен маж во Полска ќе биде обучен за воени услови. ” Со овој чекор Полска сака да создаде воена резерва која ќе може да одговори на потенцијалните безбедносни закани.