Законот за вработените во јавниот сектор, според кој се предвидува вредноста на подарокот кој смеат да го примат државните и јавните службеници и според истата вредноста на примен подарок е ограничена до 1.000 денари беше донесен пред десеттина години, но нема податоци дали некој го почитува овој закон и дали се регулираат подароците што наставницчките ги добиваат во пресрет на 8 Март. Подарувањето цвеќе за 8 Март во училиште, е одамна заборавена традиција, а родителите одвојуваат многу поголема сума за да купат ваучери, паричници, чанта, накит … На 8 Март, голем дел од наставниот кадар едвај може да ги однесат до дома големиот број подароци што го добиваат, од децата. Иако пред десеттина години е изгласан нов Закон за вработени во јавниот сектор што ја ограничува вредноста на подароци дадени од една иста личност, нема податоци дали се почитува. „Слободен печат“ испрати прашања до Министерството за образование и наука (МОН), а оттаму одговорија дека законот постои, но не добивме одговор дали постојат казни, доколку се надмине сумата на подарокот.
– За наставниот кадар во училиштата важи Законот за вработени во јавниот сектор, согласно кој не смеат да примаат подароци поврзани со нивната работа, со исклучок на протоколарни подароци и подароци од пониска вредност, односно до износ од 1000 денари, или подароци кои доколку се дадени од иста личност во текот на една година, вкупниот износ не смее да надмине 3000 илјади денари – велат од МОН.

Разговаравме и со родители на ученици во основни училишта, кои раскажуваат дека купуваат групен подарок, а договорот се одвива во Вибер групи. Еден родител е задолжен за подарокот, а останатите само префрлаат пари на сметка.
– Оваа година, сите родители собравме по 200 денари и се одлучивме да купиме ваучер и букет. Немаше родители кои се бунеа, сите беа задоволни од подарокот што го одбрав – вели мајка на ученик во основно училиште.
Друга родителка, пак, раскажува дека наставничката на нејзините деца не прифаќа подароци, па тие секоја година прават рачни изработи за време на часовите.
– Уште во прво одделение, кога се претстави наставничката, ни напомена дека не сака подароци за 8 Март. Доколку добие подарокот го враќа, па затоа децата секоја година прават рачни изработки – алки, честитки … и ги подаруваат – вели таа.

Законот за вработените во јавниот сектор, според кој се предвидува вредноста на подарокот кој смеат да го примат државните и јавните службеници и според истата вредноста на примен подарок е ограничена до 1.000 денари беше донесен пред десеттина години, но нема податоци дали некој го почитува овој закон и дали се регулираат подароците што наставничките ги добиваат во пресрет на 8 Март. Голем број од наставниот кадар одбива скапи подароци и постојано апелираат родителите да не претеруваат со осмомартовските подароци. Но, се чини дека не можат да го спречат новиот тренд што родителите го практикуваат, како што е купување поскапи подароци, наместо симболично цвеќе. Меѓународниот ден на жената е светски празник што се одбележува секоја година на 8 Март. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.