Педесет и шестгодишен охриѓанец е приведен откако во просторија која што ја користел, полицијата пронашла девет паковки со дрога.
„Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид синоќа во 00.30 часот од слобода го лишија Т.К.(56) од Охрид. При претрес во простории на улицата „Железничка“ што тој привремено ги користел, полициските службеници пронајдоа и одзедоа стаклен предмет со девет опаковки со бела прашкаста материја“, информираат од МВР.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.