Добро информиран извор близок до Белата куќа открива дека Доналд Трамп размислува да ги повлече американските војници од Германија и да ги премести во Источна Европа. Британскиот весник пишува дека Трамп размислува за повлекување на околу 35.000 активни американски војници стационирани во Германија, оценувајќи дека таквата одлука дополнително ќе ги влоши односите меѓу САД и Европа. Американскиот претседател, кој постојано предупредуваше дека Европа мора да посвети поголемо внимание на своите одбранбени способности, е сè понезадоволен од поддршката на Европа за продолжување на војната во Украина, наместо за прекин на конфликтот, велат извори блиски до администрацијата. Има околу 160.000 активни американски воени лица распоредени надвор од САД, од кои голем број се во Германија.
„Трамп е лут затоа што тие (Европа) се чини дека сакаат војната да продолжи“, изјави извор близок до Белата куќа.