Стотици граѓани точно напладне се сообраа пред Универзалната сала во Скопје и маршираа за женските права. Настанот е организиран од Платформата за родова еднаквост по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март. Оваа година, маршот се одржува под слоганот „Нека јадат ружи!“. Организаторите повикаа на женски марш и солидарен женски бојкот за да се одбележи денот на економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените. Тие истакнуваат дека 8 Март не е ден за симболични гестови и излитени фрази, туку за феминистичка борба за слобода, солидарност и автономија.







