Репрезентацијата на Македонија на 12 март ја очекува натпревар против Словенија во квалификациите за Европското првенство, а селекторот Кире Лазаров направи една промена во составот.
Лазаров на местото на повредениот Петар Атанасијевиќ во составот го повика Цветан Кузманоски. Македонија првиот натпревар го игра во Скопје на 12 март од 20:00 часот, а реваншот се игра четири дена подоцна во Словенија. Во овој момент Македонија во групата 1 во два натпревари има една победа со Естонија и пораз од Литванија на гостински терен.