Трошоците на живот во февруари се зголемени за 5 проценти. Најголем пораст има на цените на храната. Индексот на трошоците на животот во февруари 2025 година, во однос на февруари лани има зголемување од 5 проценти, а индексот на цените на мало има зголемување од 4,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика(ДЗС). Зголемувањето на инфлацијата во февруари во однос на јануари годинава е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во групите: Храна и безалкохолни пијалаци за 1,4 проценти, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,8 проценти, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата и Ресторани и хотели за 0,6 проценти, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,5 проценти, Здравје за 0.2 проценти и Комуникации за 0,1 процент.
Во февруари 2025 година, во однос на јануари 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: Транспорт за 3 проценти, Облека и обувки за 0,3 проценти, Рекреација и култура и Разновидни стоки и услуги за 0,2 проценти. Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец. Во Македонија постојано има пораст на трошоците за живот.