Продолжува тенденцијата на намалување на невработеноста во Македонија. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на невработеност во државава во четвртиот квартал лани изнесувала 11,9 проценти. За споредба во третиот квартал стапката на невработеност беше 12,3 отсто.
Според ДЗС, стапката на активност во четвртиот квартал од минатата година била 52,5 проценти, а стапката на вработеност 46,2 отсто. Во четвртото тримесечје од 2024 година, активното население во државава изнесува 795.321 лице, од кои вработени се 700.526, а 94.795 лица се невработени.