Во Берлин, во пожар во станбена зграда што избувна утрово повредени се најмалку 16 лица , од кои едно потешко. Во болница се задржани четири лица, јавуваат германските медиуми.
Пожарот избувнал во стан на приземје на петкатница во Кројцберг, Берлин. Во гаснењето на пожарот учествувале 68 пожарникари, кој во меѓувреме е локализиран, соопштија од противпожарната служба. Причината за пожарот се уште не е позната