Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно проговори за преговорите со САД. Тој рече дека Украина е „целосно посветена на конструктивен дијалог со американските претставници во Саудиска Арабија следната недела“.
„Украина бара мир уште од првата секунда од оваа војна. На маса се реални предлози, од клучно значење е да се дејствува брзо и ефикасно“, додаде тој. Тој исто така рече дека украинската страна е целосно посветена на конструктивен дијалог. Се надеваме дека ќе разговараме и ќе се договориме за неопходните одлуки и чекори“, рече украинскиот претседател.