Денес учествував и се обратив на панел-дискусијата „Евро-атлантската безбедносна динамика: Предизвици за НАТО, Европа и процесот на проширување кон Западен Балкан“, организирана од Konrad-Adenauer-Stiftung Skopje во соработка со Филозофскиот факултет при УКИМ. Настанот го означи и отворањето на Регионалната школа за безбедност 2025, која традиционално обединува млади професионалци, студенти и експерти во дискусија за актуелните безбедносни предизвици.
Во своето обраќање ја истакнав важноста на меѓународната соработка и стабилноста на Западен Балкан, особено во контекст на актуелните глобални и регионални безбедносни предизвици. Потсетив дека оваа година одбележуваме пет години од членството во НАТО, нагласувајќи ја посветеноста на државата во зајакнувањето на колективната одбрана, стабилноста на регионот и поддршката за Источното крило на НАТО. Во време на зголемени безбедносни предизвици, неопходно е да се гради отпорност кон хибридни и сајбер-закани, дезинформации и економска принуда. Нашата држава веќе презема значајни чекори во оваа насока, вклучувајќи го и усвојувањето на Националната стратегија за сајбер безбедност (2025-2028). Потврдив дека безбедноста на нашата земја е нераскинливо поврзана со стабилноста на целиот Западен Балкан, а регионалната соработка и европската интеграција се патот кон одржлив мир и просперитет.
View this post on Instagram