Српскиот претседател Александар Вучиќ очекува опозицијата да организира „големо насилство во сабота на 15 март“ и најави дека „секој што ќе учествува во тоа ќе одговара“. Секој што ќе учествува ќе биде уапсен. Можеби ќе ни требаат 15 минути, можеби еден час, можеби два.
Така што државата ќе знае како да се однесува. Ги повикуваме да бидат мирни, да не се обидуваат со насилство, но јас ги знам и, за жал, секогаш сум бил во право до сега, рече Вучиќ.