Оваа година за наградата конкурираа 43 романи, а жирито, во состав Лидија Димковска (претседателка), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева, преку неколку селекции ги избра финалистите. Жири-комисијата на престижната награда „Роман на годината“ го избра најтесниот круг финалисти за 2024 година, а годинашниот избор носи интересен пресврт – сите три романи се дело на жени-авторки.
Во трката за признанието остануваат:
📖 „Простување“ – Кица Колбе (Или-или)
📖 „Светот што го избрав“ – Калина Малеска (Или-или)
📖 „И ѕирка и проѕирка“ – Огнена Никуљски (Антолог)
Наградата ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ за унапредување и промоција на културните вредности, а победничкиот роман ќе биде соопштен на 14 март (петок) на прес-конференција во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, со почеток во 12 часот. Оваа година за наградата конкурираа 43 романи, а жирито, во состав Лидија Димковска (претседателка), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева, преку неколку селекции ги избра финалистите. Генерален покровител на наградата е „Комерцијална банка“ АД Скопје, со поддршка од Министерството за култура и туризам. Добитникот ќе освои плакета, статуетка и парична награда од 150.000 денари. Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 26-ти пат, а свеченото врачување ќе се одржи во мај. Извор: Новинска агенција МЕТА