Мал авион попладнево се урна во близина на пензионерската заедница во округот Ланкастер, Пенсилванија, јавува Си-Ен-Ен.
„Авионот падна, а итната помош е на терен“, потврдија од полицијата.
Според извештаите, авионот удрил на паркинг, предизвикувајќи пожар кој зафатил неколку возила. Службите за итни случаи, вклучително и противпожарна, полиција и екипи за опасни материјали се на местото на настанот. Пријавени се неколку повредени лица, но детали за бројот и тежината на повредите се уште не се соопштени.