Централното изборно тело на Романија во неделата му забрани на крајниот десничар Калин Џоеџески да се кандидира на повторените претседателски избори во Романија во мај, иако и тој и натаму е водечки во сите анкети. Одбивањето на неговата кандидатура, осудено од лидерите на тврада десница како недемократско, сè уште може да биде оспорено пред Уставниот суд.
Илјадници негови приврзаници се собраа пред седиштето на изборната комисија, скандирајќи „Слобода“ и накратко се обидуваа да го пробијат безбедносниот кордон. Џорџеску, водечкиот кандидат на поништените претседателски избори во Романија, се кандидираше во петокот за повторени избори во мај. Романскиот највисок суд ги поништи изборите два дена пред вториот круг на гласање во декември, наведувајќи ги наводите за руско мешање во корист на Џорџеску, што Москва ги негираше а Букурешт не пружи ниеден конкретен доказ освен бербално обвинување.
Членовите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, во прв ред потпреседателот ЏејДи Венс минатиот месец на безбедносниот форум во Минхен, исклучително остро критикуваше дека поништените избори во Романија се пример за тоа како владите до Европската унија ја поништуваат волјата на гласачите, ги задушуваат своите политички противници од крајната десница и слободата на говорот. Џорџеску ја поднесе својата кандидатура до централната изборна канцеларија во петокот, додека неколку стотици поддржувачи вееја знамиња и го скандираа неговото име.