По состанокот во Сандрингам, извори блиски до претседателот на САД, Доналд Трамп, наводно им кажале на британските претставници во САД дека Трамп се чувствува помалку посебно во врска со кралската покана.
Дипломатските односи меѓу САД и Велика Британија беа разнишани откако кралот Чарлс го прими претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави Дејли мејл. Претседателот на САД, Доналд Трамп, бил незадоволен од таа средба, а најмногу го навредила нивната заедничка фотографија. По состанокот во Сандрингам, извори блиски до Трамп наводно им кажале на британските претставници во САД дека американскиот претседател се чувствува помалку посебно во врска со кралската покана. Меѓутоа, им било кажано и дека би било несоодветно Владата да му диктира на кралот кого да прими. Кабинетот на премиерот на Велика Британија соопшти дека „не ги признава“ тврдењата дека Трамп е гневен поради средбите, а добро информиран извор, пак, тврди дека односите малку се заладиле.
– Дефинитивно работите малку се заладија во Вашингтон по Сандрингем. Им кажавме дека самиот крал одлучува кого ќе прими – тврди добро информираниот извор. Од друга страна, пак, портпаролот на британската влада изјавил дека Владата на Велика Британија не се согласува со тие тврдења.
– Бевме недвосмислени за важноста на САД како сојузник на Обединетото Кралство. Ниту една земја не е толку тесно усогласена како нашата за економски, одбранбени, безбедносни и за разузнавачки интереси и споделуваме длабоки историски и културни врски. Ќе продолжиме да работиме рака под рака и со нетрпение очекуваме да му посакаме добредојде на претседателот Трамп – изјавил тој. Извори од кабинетот на премиерот на Велика Британија, исто така, нагласија дека премиерот разговарал со Трамп по телефон и дека имало „позитивен ангажман“, објави Јаху. За потсетување, кралот Чарлс Трети се состана со Зеленски минатата недела, само неколку дена откако Кир Стармер му врачи на Трамп официјална покана да го посети Лондон. Оваа средба, која британската влада ја опиша како долго планирана, се одржа веднаш по средбата меѓу Трамп и Зеленски во Овалната соба.