Герасимовски информираше дека во неговиот мандат ги исполнил ветувањата и барањата на пензионерите. Во првата година од мандатот, отворени се три нови пензионерски клуба и заеднички со пензионерите започнала имплементација на нови проекти и активности. Ние сме првата општина што обезбедивме нега на стари лица во домашни услови, а со новата услуга „Итно копче“ на пензионерите им обезбедуваме помош во итни ситуации, во домашни услови. Во изминатите три години, повеќе од 3.500 пензионери добија еднократна парична помош, а вкупно беа доделени над 10 милиони денари, со што значително се подобри нивниот квалитет на живот.
Нашите пензионери се важен дел од заедницата, и затоа е клучно да ги слушнеме нивните предлози и идеи. Продолжуваме да работиме на проекти што ќе им овозможат поголема социјална вклученост, подобри услови во пензионерските клубови и поквалитетен секојдневен живот. Животот е убав во секоја доба, изјави Герасимовски. Градоначалникот вели дека Општина Центар ќе остане посветена на поддршката на своите највозрасни сограѓани, со цел да обезбеди активна и сигурна старост за сите.