МАКТЕЛ

    

Трамп му се поклонува на Путин – дали ова ќе предизвика раздор меѓу Русија и Кина?

      

Американскиот претседател Доналд Трамп се повеќе застанува на страната на Русија, поништувајќи ја децениската надворешна политика на САД. Тој застана на страната на рускиот претседател Владимир Путин за прашањето за мировен договор за ставање крај на војната во Украина, притискајќи го украинскиот претседател Володимир Зеленски да прифати неповолни услови од Русија, која ја нападна неговата територија. Тој им порача на европските сојузници да не очекуваат САД да продолжат да ја поддржуваат нивната одбрана. Сето ова испраќа сигнали за поддршка за Путин и го поставува прашањето дали САД започнуваат нова голема дипломатска стратегија. Дали постои поширок план за обид да се  одвлече  Русија од сојузништвото со  Кина? Или  однесувањето на Трамп е полесно да се објасни со неговите лични чувства и блискост со Путин?

Архива на СП

Дали администрацијата на Трамп застана на страната на Русија? Првите знаци за голема промена на наклонетоста кон Русија се појавија на 12 февруари, кога Трамп имаше 90-минутен телефонски разговор со Путин. Трамп потоа изврши притисок врз Зеленски да се согласи на мировен договор, барајќи од него да ѝ отстапи територија на Русија, но не нудејќи му американски безбедносни гаранции. Тој за неговиот телефонски разговор со Путин рече: „Се договоривме да соработуваме, многу тесно, што вклучува и меѓусебни посети“. Трамп, исто така, рече дека Украина нема да може да стане членка на НАТО по војната, како што вети неговиот претходник Џозеф Бајден, а на што  Русија силно се противеше Трамп неодамна го нарече Зеленски „неспособен“ и „диктатор“. За време на нивната средба во Белата куќа, тој рече дека „Украина никогаш не требаше да ја започне војната“, коментари кои се многу слични на оние на Путин. Трамп одби да обезбеди американска поддршка за силите од европските земји доколку тие преземат мировна улога во Украина по завршувањето на конфликтот. Русија категорично ја отфрли идејата за западни трупи во Украина. САД , исто така, застана на страната на Русија во гласањето во Обединетите нации за одбележување на третата годишнина од почетокот на војната во Украина, одбивајќи да ја осуди Русија за агресија на Украина.

Фото: Thissatan Kotirat / Alamy / Alamy / Profimedia

   

Дали Америка и се додворува на Русија за да ја одвлече од Кина? Овој чекор поблиску до Русија и подалеку од европските сојузници ја нарушува 80-годишната американска надворешна политика, иако сè уште не е јасно дали претставува нова стратегија за надворешна политика. Американскиот државен секретар Марко Рубио на 25 февруари изјави за конзервативната веб-страница Брајтбарт дека претседателот Доналд Трамп и неговата администрација сакаат да ги ослабат врските меѓу Русија и Кина. „Мислам дека ситуацијата во која Русија е во позиција на  вечен помлад партнер на Кина, дека мора да направи се што ќе ѝ каже Кина затоа што зависи од неа, мислам дека тоа не е добар исход за Русија, не е добар исход за САД , ниту за Европа, ниту за светот“, рече тој. Тоа би било опасно за САД, рече тој, „бидејќи зборуваме за две нуклеарни сили кои се соочуваат со Соединетите држави“. Рубио, исто така, рече дека Америка сака да се спротивстави на глобалната трговска мрежа што Кина ја гради, наречена иницијатива „Појас и пат“. Кина остро реагираше на коментарите на Рубио. „Обидот на САД  да забие клин меѓу Кина и Русија е осуден на неуспех. „Кина и Русија имаат долгогодишни развојни стратегии и надворешна политика“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Лин Џианг. Стратегијата што ја предлага Рубио, за одвлекување на Русија од Кина со цел да ја ослабне, може да се гледа како огледало на дипломатскиот триумф на претседателот Ричард Никсон кога тој ја оддели Кина од СССР. Во случајот на Никсон, тој однос беше формиран со Кина, изолирајќи ја Русија. Во случајот на Трамп, неговиот однос со Русија може да ја изолира Кина. Коментаторите го нарекоа „обратен Никсон“ или „обратен план на Кисинџер“. Предводен од неговиот советник за национална безбедност Хенри Кисинџер, Никсон потпиша договор со Кина во 1972 година, со што стави крај на децениите во кои таа и СССР, двете комунистички држави во тоа време, беа обединети во непријателство кон Соединетите држави.„Белата куќа и нејзините супер-воинствени кинески експоненти се чини дека веруваат дека можат да соработуваат со Русија за да ја изолираат Кина од светот и да и наштетат на нејзиното растечко глобално присуство“, вели Советот за надворешни односи, американски тинк-тенк. „САД не сакаат Русија да стане колонија на суровини за Кина“, сметаат добрите познавачи на приликите, додавјаќи дека ова значи дека тие го продаваат сопственото богатство многу евтино на Кина, што и дава предност на Кина пред САД“.

Владимир Путин – Си Џипинг / Монтажа: Слободен печат. / Иван Самарџиев

Дали „обратна стратегија на Кисинџер“ би функционирала ? САД би можела да се бори да ги раздвои Русија и Кина. Двете земји прогласија пријателство „без граници“ неколку дена пред инвазијата  во Украина  во 2022 година, а трговските врски меѓу нив  оттогаш одат во нагорна линија. Кина е убедливо најголемиот увозник на руска сурова нафта, купувајќи 62 милијарди долари во 2024 година. Три години претходно извезуваше само две третини од тоа количество. Откако Русија ја нападна Украина, западните земји воведоа санкции за нејзината нафта, дозволувајќи и на Кина да купи повеќе од неа. Кина, исто така, беше непроценлива како извозник на високотехнолошки компоненти во Русија, меѓу кои и компјутерски чипови, како што се полупроводници од кои многу се користат во индустријата за оружје. Извештаите на американските тинк тенкови, Американскиот институт за претпријатија и Карнеги фондацијата за меѓународен мир, велат дека огромното мнозинство на чипови што Русија ги увезува доаѓаат од Кина. Многумина светски експерти сметат дека„Русија и Кина се природни сојузници, кога станува збор за ресурсите“, додека Русија и САД не се. Тие се конкуренти кога станува збор за договорите за нафта и гас, се наведува во анализите.


Дали Трамп застанува на страната на Русија од лични причини? Дел од светската експертска јавност ги посочуваат мотивите на Трамп за фаворизирање на Русија и Путин, не  произлегуваат  од дипломатската стратегија, туку од нешто „крајно лично“, и дека датираат од неговиот прв мандат. Русија беше обвинета за мешање во претходната изборна кампања, а Трамп и неговиот тим беа обвинети за соучесништво во неа. За време на неговиот неодамнешен состанок со Зеленски во Белата куќа, Трамп за Путин рече: „Го познавам долго време. Моравме заедно да ја поминеме таа руска лажна приказна“. „Трамп се гледа себеси и Путин во иста позиција, како жртви на лов на вештерки“, велат тие. Познато е дека меѓу Трамп и Русија има добро воспоставени врски“, кои  датираат од времето на изборот за Мис на светот што се одржаа во Русија и руската готовинска инфузија во нејзините проекти за недвижнини што го одржуваа во живот“. „Тој секогаш имал позитивни искуства со Русија, се наведува во анализите.

  

Најново

Министерство за внатрешни работи, Филков од Љубљана: Сега е моментот кога Европската Унија мора да покаже вистинско лидерство и политичка волја на патот на интеграцијата на Западен Балкан

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи – МВР: Изминатиот викенд санкционирани 2045 возачи, 637 за брзо возење

Sase Ivanovski

Oпштина Центар, Герасимовски: Центар е прва општина што обезбеди нега на стари лица во домашни услови

Sase Ivanovski

Доаѓаат велигденските бонуси за хрватските пензионери

Sase Ivanovski

Жените во сенка на традицијата- време ли е за промени?

Sase Ivanovski

Украинската одбрана се урива поради блокадата на американското разузнавање, Курск во хаос

Sase Ivanovski

Се возобновува идејата за воспоставување на директна авиолинија Скопје – Прага

Sase Ivanovski

Центар е прва општина што обезбеди нега на стари лица во домашни услови, вели Герасимовски

Sase Ivanovski

Изненадување од Халмед- спрејот Вентолин засекогаш се повлекува од аптеките?

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски и Таравари се препелкаат во лаги – зошто веднаш не ја отфрлаат штетната понуда на Ѓока констракшн?

Sase Ivanovski

Трипуновски: Многу скоро ќе биде објавен и Повикот за набавка на околу 3.000 тони оризова арпа, стоковите резерви да се полнат со македонски производи

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: И Пендаровски од СДС забега, се сврте против САД и се занимава со рекла-кажала муабети

Sase Ivanovski

Од затрупано британско приморско одморалиште, руските шпиони лансираа стапици и заговори за шпионажа

Sase Ivanovski

ЦУК: За викендот 60 пожари на отворено, се зголемува бројот на противпожарни интервенции

Sase Ivanovski

Русија со дронови нападна осум региони на Украина, реагираше украинската влада

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Вработените во безбедносните служби ќе одат на детектор за лаги за да се открие од каде протекуваат информациите

Sase Ivanovski

Зеленски патува во Саудиска Арабија, но нема да присуствува на разговорите со американската делегација

Sase Ivanovski

Руте во посета на Босна и Херцеговина

Sase Ivanovski

Трамп не се откажува од Тикток, во САД има четири потенцијални купувачи

Sase Ivanovski

Израел ја прекина струјата во Газа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трамп: Америка повторно ќе ги споделува разузнавачките информации во Украина

Sase Ivanovski

Братучедот на Џеј-Ди Венс до неодамна војуваше во Украина

Sase Ivanovski

Русија и САД побараа итен состанок на Советот за безбедност на ОН поради Сирија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Венс и неговата тригодишна ќерка се соочија со проукраински демонстранти: Викаа и ми го исплашија детето

Sase Ivanovski

Среде бел ден малолетници ограбиле врсник на плоштадот „Македонија“

Sase Ivanovski

ЦУК: За викендот 60 пожари на отворено, се зголемува бројот на противпожарни интервенции

Sase Ivanovski

ЛЕЈДИ ГАГА БИЛА НА РАБОТ НА РАЗУМОТ ПРЕД 5 ГОДИНИ Пејачката раскажа како љубовта ја спасила од психозата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трамп: Америка повторно ќе ги споделува разузнавачките информации во Украина

Sase Ivanovski

ТРАМП НЕ БИЛ ЗАДОВОЛЕН ШТО КРАЛОТ ЧАРЛС ГО ПРИМИЛ ЗЕЛЕНСКИ Најмногу го навредила нивната заедничка фотографија

Sase Ivanovski

Трамп не ја исклучува можноста за рецесија во САД

Sase Ivanovski

Трамп не се откажува од Тикток, во САД има четири потенцијални купувачи

Sase Ivanovski

Русија со дронови нападна осум региони на Украина, реагираше украинската влада

Sase Ivanovski

Зеленски патува во Саудиска Арабија, но нема да присуствува на разговорите со американската делегација

Sase Ivanovski

Руте во посета на Босна и Херцеговина

Sase Ivanovski

Трамп не ја исклучува можноста за рецесија во САД

Sase Ivanovski

“Можеби ќе се вљубат” Трамп се пошегува со американските астронаути заглавени на МВС

Sase Ivanovski

Имотен лист од сега достапен на националниот портал – uslugi.gov.mk

Sase Ivanovski

Со гаранција од 600.000 евра, струшкиот наркобос излегол од притвор

Sase Ivanovski

Фон дер Лајен: Ќе се сретнам со Трамп кога ќе биде вистинското време

Sase Ivanovski

Романија: Забрана за крајниот десничар Џорџеску да се кандидира на претседателските избори

Sase Ivanovski

Новиот премиер на Канада веднаш зазеде тврд став кон Трамп:„Некој се обидува да ја ослабне нашата економија“

Sase Ivanovski

Гренланд оди на важни избори, островот е на чекор до независност

Sase Ivanovski

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево и топло со мала облачност

Sase Ivanovski

Исчезна 13-годишно момче од Шуто Оризари

Sase Ivanovski

Промени во Хрватска – ХДЗ веќе не е најпопуларна партија

Sase Ivanovski

Турција ќе отстранува кучиња од улиците откако двегодишно девојче почина по напад од глутница

Sase Ivanovski

Осквернавен манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Матејче – ископани посмртни останки

Sase Ivanovski

Зеленски утре ќе го претстави мировниот план – руските напади продолжуваат

Sase Ivanovski

Мал авион се урна во САД, слета на паркинг

Sase Ivanovski

Еден загинат во сообраќајка на регионалниот пат Битола-Ресен

Sase Ivanovski

Сирискиот лидер: Се обидуваат да не вовлечат во граѓанска војна

Sase Ivanovski

Владата со измени на Закон ќе ги професионализира онлајн медиумите

Sase Ivanovski

Рубио и Маск се судрија со полскиот министер на X – биди тивок мал човеку

Sase Ivanovski

Дете почина на скијање во Словенија

Sase Ivanovski

Сообраќајка на патот Ресен – Битола – возилата се пренасочуваат по стариот пат

Sase Ivanovski

Најголемите европски гиганти во воената индустрија: Еве кој ќе се опари од 800 милијарди евра, колку ЕУ планира да потроши за вооружување

Sase Ivanovski

KOД: Градинки на ТИРЗ, спасени функционери од суд, децениски спор за семејна куќа

Sase Ivanovski

Евростат: Бугарија е земја со највисока стапка на фертилитет во ЕУ за 2023

Sase Ivanovski

ПОЛСКА СО ПОРАКА ДО МАСК – Полјаците плаќаат за услугите на Старлинк за Украина

Sase Ivanovski

Американски суд ја осуди Кина на 24 милијарди долари за прикривање информации за Ковид-19

Sase Ivanovski

„ЗАЕДНО МОРА ДА СТАНЕМЕ ПОСИЛНИ“: Мерц би сакал да разговара со Франција и Британија за споделување нуклерано оружје

Sase Ivanovski

ТИМОТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Нема да се извиниме за расправијата во Овалната соба

Sase Ivanovski

Мицкоски: Физибилити студија покажа дека паркингот на Клинички центар треба да биде менаџиран од приватен оператор

Sase Ivanovski

МИНЕРАЛНИТЕ НЕ СЕ ДОВОЛНИ – Трамп бара многу повеќе за да продолжи да испраќа помош за Украина

Sase Ivanovski

Следува најтоплото лето на Балканот – суши, бури и топлотни бранови

Sase Ivanovski

ТРАМП ЗА РУСИЈА: Сериозно размислувам за санкции и царини

Sase Ivanovski

Науката го има одговорот: Зошто лабрадорите и некои луѓе се секогаш гладни?

Sase Ivanovski

Сестрински тандем за победа: Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ триумфираа на „Женско рели“!

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) Париски сендвич со шунка и путер прогласен за најдобар во светот – колку чини ова „уметничко дело“?

Sase Ivanovski

Бранко Коцкица паднал и си ја повредил главата: Легендарниот актер сега откри каква му е состојбата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Срцепарателен почеток: Емитувана првата емисија на „Ѕвездите на Гранд“ без Саша Поповиќ

Sase Ivanovski

Нова студија: Само една непроспиена ноќ го нарушува нашиот имунолошки систем

Sase Ivanovski

Сијарто со критики кон ЕУ – политичката декларација нема правна сила без потпис на Унгарија

Sase Ivanovski

Нуклеарното оружје е монструм што може да доведе до крај на светот, вели Трамп

Sase Ivanovski

Ѓоковиќ бил отруен, тенисерот откри шокантни детали

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Српскиот премиер Вучевиќ маван со јајца и исвиркан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трамп за Зеленски: Земаше пари од САД како мало дете бонбони

Sase Ivanovski

Одбележување на Денот на Филозофското друштво на Македонија

Sase Ivanovski

Фон дер Лајен: Ќе го свикам првиот Колеџ за безбедност, ќе се сретнам со Трамп кога ќе биде вистинскиот момент

Sase Ivanovski

ВО ГАЗА ВЕЌЕ НЕМА ДА ИМА СТРУЈА Израел ќе престане да испорачува електрична енергија

Sase Ivanovski
Вчитувам....