МАКТЕЛ

    

(ВИДЕО) Владата и Министерството за здравство во повикот за катните гаражи на Клинички ставиле услов концесионерот да плаќа само 1 процент кон Македонија

      

Не фирмата „Ѓока констракшн“ што била единствената што се пријавила да ги гради катните гаражи на Клинички центар „Мајка Тереза“ – туку Владата и Министерството за здравство биле тие, што во повикот за јавно-приватно партнерство навеле услов „фирмата добитник да плаќа надоместок за концесијата од само еден процент од остварените годишни приходи од претходната година и тоа без ДДВ“. Документите што се објавени на страницата на Бирото за јавни набавки, а кои ги разгледа „Слободен печат“ покажуваат дека во повикот за јавно-приватно партнерство е јасно наведен овој услов како износ на надоместокот за концесија кој што фирмата ќе ѝ го дава на државата. Проценетата вредност на договорот е 637 милиони денари или 10,3 милиони евра што би требало да ги инвестира фирмата. -Приватниот партнер ќе плаќа концесиски надоместок на јавниот партнер. Овој износ е пресметан како еден процент од остварените годишни приходи од претходната година без вклучен ДДВ согласно предметот на  договорот за јавно-приватно партнерство, пишува во критериумите што ќе бидат применети при доделувањето на договорот.

Образецот на огласот за доделување договор за јавно-приватно партнерство за катните гаражи во кој е наведено дека приватниот партнер ќе плаќа 1 процент од годишниот приход за концесијата / Извор страница на Биро за јавни набавки

Огласот што беше објавен на 14 ноември минатата година открива дека фирмата добитник на концесијата е должна да изгради и целосно да финансира 2 катни гаражи на просторот на сегашниот Клинички центар „Мајка Тереза“ но и дека таа ќе биде и управувач и ќе оперира со целиот паркинг во рамките на Клиничкиот центар. Во задолженијата што ѝ се даваат е да ги одржува катните гаражи и да ја проектира техничката документација. Но, во условите за техничката и професионална способност има еден интересен момент – еден минимален услов што владата и МЗ го превиделе за добитникот на концесијата е да има изградено мост или паркинг (објект со конструкција). „Ѓока констракшн“ со сигурност го исполнува овој услов, бидејќи се градители на огромниот мост „Ваша“ во Албанија, а од неговата изградба имаат објавено и видео-материјал.

   

 

Меѓу условите на владата и МЗ се и фирмата да има минимален годишен приход изминатите три години од по 10 милиони евра за секоја година. Од критериумите за договорот, е евидентно и дека ќе го добие тој што ќе даде најниска цена за еден час паркирање, а Таравари веќе најави поскапување од 30 на 50 денари од час паркинг за болните, што би значело дека оваа цена била понудена од фирмата и прифатена од страна на комисијата задолжена за јавно-приватното партнерство. Според образецот за доделувањето на договорот, оправданоста за оваа концесија според Владата и Министерството за здравство биле во тоа што ќе се изградат две катни монтажни гаражи за кои се очекува да одговорат на потребите на посетителите и вработените во клиниките, но и да се изведат инфраструктурни сообраќајни решенија за воспоставување поголем ред во движењето на возилата во клиничкиот центар. Меѓу целите се наведени и зголемувањето на безбедноста на пешаците во рамките на комплексот и поквалитетни услови за организирање на движењето на возилата низ комплексот. Физибилити студијата за оправданоста на вакво јавно-приватно партнерство била преправана со договор што го склучил Фатмир Меџити

Во декември 2023 година, кога министер за здравство беше сегашниот директор на Клиниката за неврологија и близок на Арбен Таравари – Фатмир Меџити, тој склучил договор со фирма од Тетово „Ецлипсе Солутионс ДООЕЛ експорт-импорт Тетово“ со кој се барало да биде преработена претходната физибилити студија за јавно приватно партнерство за изградба на монтажни катни гаражи на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Консултантот според договорот чиј потпис го ставил тогашниот министер Меџити – требало да изработи студија која ќе ги земе предвид очекуваните трошоци за развој на проектот и неговата изградба, одржувањето и работењето како и приходите за целиот оперативен период на паркингот. Требало да даде и стручен заклучок за оправданоста на инвестицијата, нејзината големина и начинот на финансирање. За да ја преработи старата физибилити студија, „Ецлипсе Солутионс ДООЕЛ експорт-импорт Тетово“ добила 987 илјади денари. Министерството за здравство сметало дека таа физибилити студија што постоела од 2018 година била „застарена“, па затоа барала да биде преработена и да бидат ажурирани податоците за тоа колку паркинг места се потребни на Клинички, но и да се проектираат различни сценарија за надминување на проблемот. Требало да се изработат предлог основни параметри за изградба на катните гаражи, да се процени цената за изградба на паркинг гаражите и да се направи предлог-модел на финансирање преку јавно приватно партнерство. При изготвувањето на физибилити студијата особено ќе се земе предвид јавниот интерес, финансиското влијание на договорот за јавно приватно партнерство и неговата импликација врз јавниот партнер и приватниот партнер.

„Ецлипсе Солутионс ДООЕЛ експорт-импорт Тетово“ се јавува и како изработувач на физибилити студија за воспоставување на иновативен центар за применети науки и образование iCARE, нарачана од Центарот за развој на полошкиот плански регион.

Владата ретерира, опозицијата негодува, јавноста се чуди. Викендов премиерот Христијан Мицкоски ги прозва медиумите, кои само известуваат и прашуваат за економската оправданост на ваквото градење на катните гаражи. -Јас разбирам дека уредувачката политика на одделни медиуми има за цел да растури пердуви со невистини и конструкции, да обвинува неосновано, и ние сега како политичари треба да сме дефанзивни и да се браниме. Факт број еден: одлука се носи врз основа на физибилити студија. Второ, распишан е оглас, се јавила само една компанија, иако критериумите се прилично широки. Трето, ништо не е потпишано, ништо не е завршено. Ние ја слушаме јавноста. Јавноста е незадоволна. Одлука на владата нема, договор не е потпишан. Ако јавноста вели не сакаме, нема да го потпишеме, рече премиерот Мицкоски на 8 март.  Но, самата влада и Министерството за здравство се тие што навеле дека еден процент ќе биде надоместокот за концесијата, уште пред да биде познато дали некоја фирма воопшто ќе аплицира за јавно-приватното партнерство и тоа е неспорен факт. Самиот министер за здравство Арбен Таравари беше тој што потврди дека фирмата „Ѓока констракшн“ била единствената што се пријавила на повикот но дека владата е филтерот што уште не е поминат, а најави и дека цената за паркинг-место ќе порасне од 30 на 50 денари. Физибилити студијата која е изработена на барање на Фатмир Меџити не е јавно достапна, ниту пак е наведено дали во неа стои дека приватниот партнер треба да плаќа само еден процент кон јавниот партнер. „Слободен печат“ во петокот побара да го добие договорот склучен за ова јавно приватно партнерство, но од Министерството за здравство не одговараат. СДСМ го критикува Таравари затоа што тој најавува дека фирмата што ќе ги гради катните гаражи ќе останела таму само 7-8 години по што Клинички центар веќе немало да биде таму. Прво, како е можно Таравари да тврди дека договорот ќе биде на 7-8 години и дека потоа Клиничкиот центар нема да биде таму, кога само пред неколку недели Владата потврди дека нов Клинички центар нема да се гради? Тоа значи дека Клиничкиот центар ќе остане на истата локација. Зошто Таравари ја лаже јавноста и се обидува да ги ублажи критиките со вакви изјави? Ова јасно покажува дека тој добро знае дека договорот е штетен, но сака да помине што полесно во јавноста, реагираат од СДСМ. Од политичката партија „Левица“ во соопштение велат дека е скандалозно што државата нема 10 милиони евра да инвестира во паркинг на Клинички центар, а власта се задолжува со 500 милиони евра. Со ваквиот енормно штетен договор со фирмата „Ѓока констракшн“, целиот приход ќе оди за компанијата, додека за државата ќе остане само еден процент. Левица открива дека оваа компанија е поврзана со крупни скандали во Албанија, каде се спомнува и политичка корупција, велат оттаму.

  

Најново

Сирски: При назначувањето на команданти во армијата приоритет им се дава на младите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Грчки пратеник кршел во Националната галерија во Атина, револтиран од изложба која ја опишал како „богохулење“

Sase Ivanovski

Бугарските поморски хотели се соочуваат со недостиг на работници пред летната сезона

Sase Ivanovski

Сообраќајка го затвори магистралниот пат Битола-Прилеп, сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат

Sase Ivanovski

Две лица искасани од кучиња скитници

Sase Ivanovski

Кремљ демантира: Не планираме средба оваа недела со американски претставници во Саудиска Арабија

Sase Ivanovski

Братучедот на Џеј-Ди Венс до неодамна војуваше во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Романските демонстранти се судрија со полицијата по одбивањето на кандидатурата на Георгиеску

Sase Ivanovski

Креативно студио со „Шибуи“: Фасцинацијата од видеоигрите ме одведе во светот на 3Д-моделирање

Sase Ivanovski

Костадинов ќе „трча“ по втор градоначалнички мандат во Струмица

Sase Ivanovski

Исчезна мал авион од радарот во Словенија, итно започната голема потрага

Sase Ivanovski

Приведен пироман од Крушевско

Sase Ivanovski

САД сака да види дека Украина сака мир за време на разговорите во Ријад

Sase Ivanovski

Студенти од ФИНКИ ќе му помагаат на МОН во унапредување на дигитализацијата

Sase Ivanovski

И српскиот пазар реагираше на веста за воведување царини од САД, купувачите се повлекуваат

Sase Ivanovski

Поради европската директива, Бугарите ќе пушат поскапи цигари

Sase Ivanovski

Обновени пешачките премини на дел од улица Козле

Sase Ivanovski

Француската екстремна десница ја гледа Русија како мултидимензионална закана

Sase Ivanovski

Загина 34-годишен маж во трагична сообраќајка на патот Штип-Карбинци

Sase Ivanovski

Општина Центар, Герасимовски до пензионерите: Направете бесплатен стоматолошки преглед

Sase Ivanovski

Милошоски: Улогата на парламентите неопходна за вреднувањето на ревизорските извештаи

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи, Филков од Љубљана: Сега е моментот кога Европската Унија мора да покаже вистинско лидерство и политичка волја на патот на интеграцијата на Западен Балкан

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи – МВР: Изминатиот викенд санкционирани 2045 возачи, 637 за брзо возење

Sase Ivanovski

Oпштина Центар, Герасимовски: Центар е прва општина што обезбеди нега на стари лица во домашни услови

Sase Ivanovski

Трамп му се поклонува на Путин – дали ова ќе предизвика раздор меѓу Русија и Кина?

Sase Ivanovski

Доаѓаат велигденските бонуси за хрватските пензионери

Sase Ivanovski

Жените во сенка на традицијата- време ли е за промени?

Sase Ivanovski

Украинската одбрана се урива поради блокадата на американското разузнавање, Курск во хаос

Sase Ivanovski

Се возобновува идејата за воспоставување на директна авиолинија Скопје – Прага

Sase Ivanovski

Центар е прва општина што обезбеди нега на стари лица во домашни услови, вели Герасимовски

Sase Ivanovski

Изненадување од Халмед- спрејот Вентолин засекогаш се повлекува од аптеките?

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски и Таравари се препелкаат во лаги – зошто веднаш не ја отфрлаат штетната понуда на Ѓока констракшн?

Sase Ivanovski

Трипуновски: Многу скоро ќе биде објавен и Повикот за набавка на околу 3.000 тони оризова арпа, стоковите резерви да се полнат со македонски производи

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: И Пендаровски од СДС забега, се сврте против САД и се занимава со рекла-кажала муабети

Sase Ivanovski

Од затрупано британско приморско одморалиште, руските шпиони лансираа стапици и заговори за шпионажа

Sase Ivanovski

ЦУК: За викендот 60 пожари на отворено, се зголемува бројот на противпожарни интервенции

Sase Ivanovski

Русија со дронови нападна осум региони на Украина, реагираше украинската влада

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Вработените во безбедносните служби ќе одат на детектор за лаги за да се открие од каде протекуваат информациите

Sase Ivanovski

Зеленски патува во Саудиска Арабија, но нема да присуствува на разговорите со американската делегација

Sase Ivanovski

Руте во посета на Босна и Херцеговина

Sase Ivanovski

Трамп не се откажува од Тикток, во САД има четири потенцијални купувачи

Sase Ivanovski

Израел ја прекина струјата во Газа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трамп: Америка повторно ќе ги споделува разузнавачките информации во Украина

Sase Ivanovski

Братучедот на Џеј-Ди Венс до неодамна војуваше во Украина

Sase Ivanovski

Русија и САД побараа итен состанок на Советот за безбедност на ОН поради Сирија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Венс и неговата тригодишна ќерка се соочија со проукраински демонстранти: Викаа и ми го исплашија детето

Sase Ivanovski

Среде бел ден малолетници ограбиле врсник на плоштадот „Македонија“

Sase Ivanovski

ЦУК: За викендот 60 пожари на отворено, се зголемува бројот на противпожарни интервенции

Sase Ivanovski

ЛЕЈДИ ГАГА БИЛА НА РАБОТ НА РАЗУМОТ ПРЕД 5 ГОДИНИ Пејачката раскажа како љубовта ја спасила од психозата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трамп: Америка повторно ќе ги споделува разузнавачките информации во Украина

Sase Ivanovski

ТРАМП НЕ БИЛ ЗАДОВОЛЕН ШТО КРАЛОТ ЧАРЛС ГО ПРИМИЛ ЗЕЛЕНСКИ Најмногу го навредила нивната заедничка фотографија

Sase Ivanovski

Трамп не ја исклучува можноста за рецесија во САД

Sase Ivanovski

Трамп не се откажува од Тикток, во САД има четири потенцијални купувачи

Sase Ivanovski

Русија со дронови нападна осум региони на Украина, реагираше украинската влада

Sase Ivanovski

Зеленски патува во Саудиска Арабија, но нема да присуствува на разговорите со американската делегација

Sase Ivanovski

Руте во посета на Босна и Херцеговина

Sase Ivanovski

Трамп не ја исклучува можноста за рецесија во САД

Sase Ivanovski

“Можеби ќе се вљубат” Трамп се пошегува со американските астронаути заглавени на МВС

Sase Ivanovski

Имотен лист од сега достапен на националниот портал – uslugi.gov.mk

Sase Ivanovski

Со гаранција од 600.000 евра, струшкиот наркобос излегол од притвор

Sase Ivanovski

Фон дер Лајен: Ќе се сретнам со Трамп кога ќе биде вистинското време

Sase Ivanovski

Романија: Забрана за крајниот десничар Џорџеску да се кандидира на претседателските избори

Sase Ivanovski

Новиот премиер на Канада веднаш зазеде тврд став кон Трамп:„Некој се обидува да ја ослабне нашата економија“

Sase Ivanovski

Гренланд оди на важни избори, островот е на чекор до независност

Sase Ivanovski

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево и топло со мала облачност

Sase Ivanovski

Исчезна 13-годишно момче од Шуто Оризари

Sase Ivanovski

Промени во Хрватска – ХДЗ веќе не е најпопуларна партија

Sase Ivanovski

Турција ќе отстранува кучиња од улиците откако двегодишно девојче почина по напад од глутница

Sase Ivanovski

Осквернавен манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Матејче – ископани посмртни останки

Sase Ivanovski

Зеленски утре ќе го претстави мировниот план – руските напади продолжуваат

Sase Ivanovski

Мал авион се урна во САД, слета на паркинг

Sase Ivanovski

Еден загинат во сообраќајка на регионалниот пат Битола-Ресен

Sase Ivanovski

Сирискиот лидер: Се обидуваат да не вовлечат во граѓанска војна

Sase Ivanovski

Владата со измени на Закон ќе ги професионализира онлајн медиумите

Sase Ivanovski

Рубио и Маск се судрија со полскиот министер на X – биди тивок мал човеку

Sase Ivanovski

Дете почина на скијање во Словенија

Sase Ivanovski

Сообраќајка на патот Ресен – Битола – возилата се пренасочуваат по стариот пат

Sase Ivanovski

Најголемите европски гиганти во воената индустрија: Еве кој ќе се опари од 800 милијарди евра, колку ЕУ планира да потроши за вооружување

Sase Ivanovski

KOД: Градинки на ТИРЗ, спасени функционери од суд, децениски спор за семејна куќа

Sase Ivanovski

Евростат: Бугарија е земја со највисока стапка на фертилитет во ЕУ за 2023

Sase Ivanovski
Вчитувам....