Kомандантот на украинските вооружени сили, Олександр Сирски денеска изјави дека при назначувањето на команданти во армијата предност им се дава на младите офицери со борбено искуство, пренесе Укринформ. „Ги слушав командантите на корпусот во однос на процедурата за спроведување на приоритетните мерки за формирање на дивизии на корпуси. При назначувањето на командантите на корпусот приоритет имаа млади перспективни офицери кои веќе имаат доволно борбено искуство и кои се истакнале со ефективни дејствија на чело на бригадите“, рече Сирски по месечната работна средба на воените лидери.
Тој, наводно, наредил итно решавање на најпроблематичните прашања. Сирски рече дека украинската армија мора да стане поефикасна, модерна и помоќна за да „преживее и победи“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека Украина ќе мора да ја удвои армијата на 1,5 милиони луѓе доколку не може да се приклучи на НАТО.