Студенти од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје, од денеска ќе му помагаат на Министерството за образование и наука (МОН) во унапредување на дигиталното работење и забрзување на процесот на дигитализација на образованието, соопштија денеска во МОН.
„Под менторство на нивните професори, ќе дадат поддршка на тековното одржување на дел од информациските системи и дигитални платформи со кои располага министерството и ќе учествуваат во креирање и имплементација на нови техничко – технолошки решенија и дигитални услуги во воспитно – образовниот процес. Ова е уредено со меморандум за соработка кој денеска го потпишаа министерката Весна Јаневска и деканот на ФИНКИ проф. д-р Боро Јакимовски
„Факултетот ќе организира и спроведува едукативни активности во форма на обуки, работилници и семинари за стручно усовршување на вработените во министерството. Од друга страна, министерството ќе поддржи практично усовршување на студентите од овој факултет. Предвидени се и заеднички стручни и научни истражувања и анализи, како и организација на хакатони и натпревари за младите во информатичко – комуникациската сфера“, рече Јаневска.