Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска одговори на нападите од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека соработува со СДСМ, и затоа се барањата за повисоки плати. „Очекувавме Владата да има разбирање за покачување на платите, а наместо тоа добивме ниски удари
. Да го напаѓаат ССМ и да кажуваат како се координираат со опозициски партии, е смешно и трагично“, рече Трендафилов. Тој најави дека ќе има големи протести на 2. ли на 7. април ако не се дојде до договор. Трендафилов најави дека не е ниту на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на СДСМ, Левица и ДУИ.