Вчеравечер во скопската населба Шуто Оризари се случил инцидент меѓу две семејства по кој се уапсени татко и син, соопшти МВР.
„На 09.03.2025 во 23:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.А.(40) и Н.А.(21), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22:30 часот во двор од семејната куќа, сопственост на Р.Т., на подрачјето на Шуто Оризари, физички нападнале неколку членови на неговото семејство, при што фрлале остри предмети. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава“, велат од МВР.