МВР и Јавното бвинителството за организиран криминал и корупција денеска извршиле претреси на повеќе локации во врска со нелегална набавка на деривати и оштетување на државниот буџет Според неофицијални информации приведен е бизнисменот Ратко Капушевски, сопственик на фирмата РКМ а во истрагата опфатен е и неговиот бизнис партнер Ерџaн Сулковски, како и сопственикот на „Пуцко Петрол“ Асмир Јахоски.
Според информации од полицијата и ЈО, уште десетина луѓе се опфатени во оваа истрага, а меѓу нив се ексдиректорите на државната ЕСМ, Васко Ковачевски, кој е во бегство поради друга истрага кон него, како и Адријан Муча и други лица вработени во ЕСМ, но и од фирмите кои наводно нелегално набавувале и доставувале деривати. Засега нема информации колкумина се приведени и дали се изведени пред судија. Истовремено, најмалку еден осомничен од денешната истрага е опфатен и во предметот „Адитив“ и тој од претходно се наоѓа во притвор.