Со највисоки државни и воени почести, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утрово беше пречекана во Баку од претседателот Илхам Алијев, со што започна нејзината официјална посета на Република Азербејџан.

Како што соопштија од кабинетот на претседателката, двајцата претседатели имаа тет-а-тет средба, по што ќе следи пленарен состанок на двете делегации.

Ова е прва официјална посета на македонски претседател на Азербејџан.