Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е во работна посета на Чешка, каде во Прага учествува на Комитетот за економска соработка меѓу двете земји, а ќе оствари билатерални средби со високи претставници на чешката Влада.
Како што соопштија од неговиот кабинет, покрај средбата со директорот на аеродромот во Прага на која се разговарaло за воспоставување на нова линија Скопје –Прага, како и можноста за нова линија Охрид- Карлови Вари, вицепремиерот ќе се сретне и со министерот за транспорт и министерот за енергетика.