„Луксузната Дачија“ како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, е најевтиното возило кое е ново и достапно на пазарот, истакна Костадинов кој ја спореди оваа набавка на возило потребно за претпријатието со настрешницата во МНР и патувањето на владината делегација со изнајмен авион за над 200.000 евра.
– Една Дачија чини помалку од набавката на папаја и манго за еден месец во Владата, вели Костадинов го гостување во ТВ 21.