Откако Мицкоски и Таравари беа фатени во обид за сериозен криминал, под притисок на СДСМ и граѓаните тие се повлекоа. Но, јавноста и граѓаните веќе знаат дека целиот договор бил предвреме договорен и затоа мора да има одговорност. Поништувањето на огласот не го побива фактот дека Владата сама се согласила уште при повикот концесионерот да ѝ плаќа само 1% на државата. Ова е најдобар доказ дека огласот бил однапред правен за Ѓока Констракшн и на штета на граѓаните и пациентите. Дополнително, фактот што во огласот како квалификација се барало компанијата да има градено мостови, што нема никаква врска со предметот на набавката, е јасен сигнал за истражните органи дека оваа спогодба била договарана, па затоа мора да се поведе постапка.
СДСМ бара итна и неотповиклива оставка од Тараварија и истрага од институциите. Ако ова остане без разрешница, повеќе од јасно е дека истото ќе се повтори со друга компанија и за секоја следна набавка. Јасно е дека оваа Влада, освен наместени тендери, нема интерес да работи нешто друго. Сите скандали што СДСМ ги објави досега потврдуваат дека постои сериозна тендерска мрежа со цел масовен грабеж и испумпување на буџетот кон приватни компании.