Заедно со делегацијата предводена од Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, денес и утре престојуваме во официјална посета на Република Азербејџан – прва билатерална посета на македонски претседател досега.Во рамките на првиот ден од посетата, остваривме средба со Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев. Разговаравме за билатералните односи меѓу двете земји и можностите за нивно понатамошно продлабочување, со посебен фокус на енергетиката, образованието, науката и туризмот.
Дополнително, беше истакната важноста од зајакнување на трговската соработка, како на државно ниво, така и во делот на инвестициите во сектори со заемен економски потенцијал. Утре, во рамките на посетата, предвидена е средба со министерот за надворешни работи на Азербејџан, Џејхун Бајрамов. Очекувам од оваа средба да произлезат конкретни иницијативи кои ќе придонесат за натамошно унапредување на соработката меѓу двете земји.
View this post on Instagram