Бројот на загинати во украинскиот напад врз руската област Курск се искачи на пет, соопшти локалниот гувернер Александар Хинштејн. Тој претходно изјави дека во нападот врз трговски центар во селото Белaја загинале три лица, а девет биле повредени.
Претходно, руското Министерство за одбрана соопшти дека нејзината противвоздушна одбрана соборила 337 украински дронови, што претставува најголем украински напад со беспилотни летала врз Русија во последните три години. Според соопштението, најмногу дронови – 126 – биле соборени над Курската област, а 91 над Московската област.