Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, пред почетокот на разговорите изјави дека тимот е подготвен и дека ќе работи на заштита на украинските интереси и дефинирање јасна визија за завршување на војната. Делегации на Украина и на СAД денеска започнаа состанок во Саудиска Арабија, за да најдат пат кон ставање крај на војната со Русија, неколку часа откако силите на Киев го извршија најголемиот напад со беспилотни летала врз Москва досега. Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, пред почетокот на разговорите изјави дека тимот е подготвен и дека ќе работи на заштита на украинските интереси и дефинирање јасна визија за завршување на војната.
Американскиот државен секретар Марко Рубио им рече на новинарите во понеделникот, пред да отпатува за Џеда, дека разговорите со Киев ќе бидат важни за да се види дали Украина е подготвена да направи отстапки за да постигне мир. „Нема да добиете прекин на огнот и крај на оваа војна доколку двете страни не направат отстапки“, рече Рубиот алудирајќи притоа на територијалните отстапки кои ги бара Москва. На американскиот државен секретар во разговорите му се придружува и американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц. Зеленски, кој во понеделникот беше во Саудиска Арабија каде се сретна со престолонаследникот Мохамед бин Салман, нема да учествува на разговорите. „Средбата на украинската и американската делегација започнува во Џеда, Саудиска Арабија“, напиша украинското Министерство за надворешни работи на Telegram. Извор: Новинска агенција МЕТА