Лекарите денеска соопштија дека папата Франциск повеќе не е во животна опасност, откако тој помина три недели во болница во Рим поради бронхитис, јавија светските медиуми. Сепак, тоа не значи дека 88-годишниот папа е здрав. Лекарите се уште се претпазливи и решиле да го задржат уште неколку дена во болница на лекување, а ќе мора да помине и период на рехабилитација пред да се врати на обврските. Лекарите велат дека папата бавно и постепено напредувал, но и дека сè уште не закрепнал целосно. Останува да видиме кога ќе може да се врати во Ватикан и дали ќе мора да добие дополнителен кислород. Ватикан, исто така, објави дека понтифот денеска продолжил со физичка и респираторна физиотерапија.
Лекарот рече дека доаѓањето на пролетта би требало да помогне во рехабилитацијата на 86-годишниот папа. Папата често страда од компликации на бринхитис во зимските месеци. Тој има хронично опструктивно белодробно заболување, а во младоста му бил отстранет дел од едното белодобно крило. Оваа недела се одбележуваат некои важни годишнини за папата Франциск – денес се навршуваат 67 години од неговото ракополагање за језуитски свештеник, а во четврток се одбележуваат 12 години од неговиот избор за папа.