Државниот завод за статистика ги објави податоците за бројот на туристи кои во првиот месец од годината ја посетиле нашата држава по разни основи. Најмногу не посетувале Турци, спиеле по хотели. Ниту еден државјанин на Исланд не ја посетил Македонија во јануари 2025 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2025 година изнесува 49 870, од кои 36.8 % се домашни туристи, а 63.2 % се странски туристи. Бројот на ноќевањата во јануари 2025 година изнесува 106 894, странци доаѓале и преспивале овде, повеше отколку што тоа го правеле домашните туристи – соодносот е 57%,5 ноќевања од странци наспроти 42,5% од домашните што посетувале македонски градови. Споредувањето на месеците – декември и јануари зборува дека во јануари 2025 година имало повеќе туристи од декември, и покрај новогодишните празници. Во јануари имало за 4,4% отсто повеќе туристи отколку во декември.
Најголем број туристи имало во Скопје – 18.896 во првиот месец од годината, на второ место по туристичка посетеност се Езерските места – регистрирале 11.817 туристи, потоа следуваат Другите места со 8.516 примени туристи, па планинските места со 7.530 регистрирани туристи. Во бањите престојувале 3.111 туристи. Најголем број туристи примиле хотелите со четири звезди – 19.023, па тие со 5 ѕвезди -17.170 туристи. Домашните туристи не оделе по хотели, па и во двете категории хотели со ѕвезди се регистрираат 5,5 илјади односно 3.955 туристи. Но затоа пак странците повеќе ги бендисуваат нашите хотели – од 19,5 илјади туристи кои спиеле по хотели со 4 ѕвезди- 13.,5 биле странци .
Според националната припадност – Турците се доминантните туристи кои ја посетиле земјава во јануари – статистикате вели дека 8.510 регистрирани туристи од оваа земја биле во Македонија во првиот месец од годинава. Зад нив се Србите, со 3.107 туристи и Грците, со 3.016. Во Македонија имало и значителен број посетители од Косово – 2.064, како и Бугари, Албанци и Германци. Бројот на домашните туристи во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, е намален за 4.9 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 10.8 %. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, е намален за 7.9 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 16.5 %.