Жалбата на романскиот крајно десничарски европскептичен политичар Калин Џорџеску против одлуката да му се забрани да се кандидира на повторените претседателски избори во земјата беше отфрлена денеска, јавија романските медиуми. Државната изборна комисија во неделата му забрани на Џорџеску да се кандидира на повторените претседателски избори во мај, што предизвика жестоки судири и ја втурна членката на ЕУ и НАТО, која е значаен пункт за поддршка на Украина во војната со Русија, во подлабока неизвесност. Џорџеску ја поднесе својата кандидатура до централната изборна канцеларија во петокот, додека неколку стотици поддржувачи вееја знамиња и го скандираа неговото име. Одлуката од неделата, Џорџеску ја обжали до Уставниот суд, кој денеска ја одби жалбата.
„Жалбата е едногласно одбиена“, соопштија од судот, наведувајќи дека образложението ќе биде објавено подоцна. Пресудата повеќе не може да се обжали во Романија, што го означи крајот на метеорскиот подем на Џорџеску во ноември минатата година, кога тој неочекувано победи во првиот круг од претседателските избори. Изборите беа откажани пред да се одржи вториот круг, откако беа откриени докази за руско мешање во изборниот процес во полза на Џорџеску. На последните анкети тој има поддршка од околу 45 отсто од испитаниците. Георге Симион, водач на крајно десничарската партија AUR, која го поддржува Џорџеску, го обвини судот за „исмејување на романскиот народ“ и „напад на нашата демократија и нашите основни права и слободи“. Илјадници приврзаници на Џорџеску скандираа „крадци“ пред зградата на судот откако се прошири веста за одлуката на судот.
Трите излегувања на гласачките места за избор на претседател и парламент ја фрлија романската политика во хаос откако Калин Џорџеску, претходно малку познат краен десничар победи во првиот круг од претседателските избори на 24-ти ноември, а испадна фаворизираниот социјалдемократскиот премиер Марсел Чолаку. Во вториот круг на 8-ми декември, Џорџеску кој навестува дистанцирање од ЕУ и НАТО, требаше да се соочи со противничката од десниот центар, Елена Ласкони. Изборите беа поништени откако државните документи покажале наводно дека Џорџеску, критичар на НАТО кој ги пофалил романските фашистички лидери од 1930-те, имал полза од „нечесната кампања“ на социјалните мрежи, „најверојатно организирана од Русија“, обвинувања што Москва ги негираше.
Членовите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, во прв ред потпреседателот ЏејДи Венс минатиот месец на безбедносниот форум во Минхен, исклучително остро критикуваше дека поништените избори во Романија се пример за тоа како владите до Европската унија ја поништуваат волјата на гласачите, ги задушуваат своите политички противници од крајната десница и слободата на говорот. Романските власти, жестоко критикувани за масивна корпуција поради што партиите од крајната десница на неодманешните парламентарни избори тиркратно го зголемија бројот на освоени мандати, го истражуваат Џорџеску во кривична истрага по шест точки, вклучително и за навод членство во фашистичка организација и давање лажни информации за финансирање на кампањата. Тој негираше каква било вина. На товар му се сатава дека наводно ги пофалил романските фашистички водачи од 1930-те како патриоти и маченици и изразик восхит и за Трамп и за рускиот претседател Владимир Путин.