Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Попладне, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни во форма на невреме, проследени со грмежи и силен ветер, над 60 километри на час.
Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и силен ветер. Во сабота локално, а во недела и понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го смени правецот во северен, што ќе предизвика опаѓање на дневните температури (7 до 10 степени).