Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2025 година, изнесува 35 635.8 милиони денари и бележи пораст од 5.0 % во однос на истиот период од претходната година. Како што соопштува Државниот завод за статистика, вредноста на увезената стока, во јануари 2025 година, изнесува 52 262.1 милион денари, што е за 5.9 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во јануари 2025 година, изнесува 16 626.3 милиони денари. Покриеноста на увозот со извоз, во јануари 2025, изнесува 68.2 %.
„Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, други катализатори на носачи и деловите на седишта од подгрупата 821.1. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и платината и легурите на платина, необработени или во прав“, стои во соопштението од ДЗС.
View this post on Instagram