Северна Македонија е втора во Европа според загадувањето на воздухот, објави швајцарската компанија АјКјуEр (IQAir), според извештајот за аерозагадувањето во 2024 година. Трета година по ред, Северна Македонија е на второто место во Европа според загадувањето на воздухот. Македонски регионални градови се меѓу најзагадени европски градови. На листата со 138 најзагадени земји во светот во мнатата година, Северна Македонија е на 35 место со просечна концентрација на ПМ2,5 честички од 23,3 микрограми на метар кубен. И покрај намалувањето од речиси два микро грами во годишниот просек и подобра позиција за три места во светската ранг-листа, земјхава останува втора најзагадена држава во Европа, зад Босна и Херцеговина.
Таа во светската листа е на 29 место со 25,3 микрограми на метар кубен. Србија е третата најзагадена држава во Европа, Албанија десетта, Косово е на 15 место, Бугарија на 18, а Грција на 20 место. На листата со 121 главен град, во однос на загадувањето во минатата година, Скопје се наоѓа на 34 место – подобрување за четири места, со просечна загаденост од 21,6 микрограми ПМ2,5 честички на метар кубен.
View this post on Instagram