Оттаму велат дека предлог текстот е креиран врз основа на широк консултативен процес за измени и дополнување на Законот. Младинските чадор организации Коалиција на младински организации СЕГА и Национален Младински Совет на Македонија и организацијата за млади Сојузот за младинска работа, известуваат дека вчера поднеле предлог-текст на Закон за измени и дополнувања на Законот за младинско учество и младински политики до Пратениците од Клубот за младински прашања и младински политики во Собранието на Р. С. Македонија. Оттаму велат дека предлог текстот е креиран врз основа на широк консултативен процес за измени и дополнување на Законот и дека во периодот од стапување на сила на Законот, од страна на младинскиот сектор се спроведени четири мониторинг анализи на имплементацијата и индекс за младинско учество преку кој се опфатени локалните механизми.
„Како мрежи на младински организации силно веруваме дека со предложените измени на Законот за младинско учество и младински политики значително ќе се подобри примената на механизмите за младинско учество како и младинските сервиси кои Законот ги предвидува. Ги повикуваме пратениците кои се дел од Клубот за младински прашања и младински политики да отпочнат итна постапка за измени и дополнување на Законот за младинско учество и младински политики, и да обезбедат транспарентен и сеопфатен процес со вклучување на сите засегнати страни во согласност со Собраниската пракса“, пишува во соопштението. Воедно го повикуваат Министерството за социјална политика, демографија и млади, како министерство во чиј ресор спаѓа спроведувањето на Законот за младинско учество и младински политики, да го поддржи процесот нивниот нацрт-закон. Извор: Новинска агенција МЕТА