Извршниот директор на МЕТА, Марк Закерберг, ја претстави „белешки од заедницата“ во јануари како преферирана замена во САД за проверка на факти од трети страни, што ја укина како дел од поширока промена на политиките која исто така ги релаксираше одредени насоки за модерирање на содржини. Претстојна функција на компанијата МЕТА „белешки од заедницата“ за следење на дезинформации преку краудсорсинг ќе користи технологија развиена од Икс на Илон Маск за слична услуга, пренесува Си-Ен-Би-Си. Во четвртокот, комапнијата мета објави повеќе детали за својот нов софтвер за модерирање на содржини во блог-пост, при што истакна дека ја вклучува истата алгоритамска технологија со отворен код која ја користи Икс за „белешки од заедницата“. Од МЕТА истакна дека со текот на времето планира да го модифицира алгоритмот за подобро да ги опслужува апликациите Фејсбук, Инстаграм и Тредс. „Бидејќи алгоритмот и информациите за програмата на X се со отворен код – што значи дека се бесплатни и достапни за секого – можеме да се надоврземе на она што Икс го има постигнато, да учиме од истражувачите кои ја проучувале и да го подобриме системот за нашите платформи.
Како што се развива нашата верзија, можеби ќе разгледаме различни или прилагодени алгоритми за поддршка на начинот на кој Community Notes се рангираат и оценуваат.“, наведено е во блог-постот на МЕТА. Извршниот директор на МЕТА, Марк Закерберг, ја претстави „белешки од заедницата“ во јануари како преферирана замена во САД за проверка на факти од трети страни, што ја укина како дел од поширока промена на политиките која исто така ги релаксираше одредени насоки за модерирање на содржини. Компанијата ќе започне со тестирање на „белешки од заедницата“ следната недела во САД. Минатиот месец, Meta соопшти дека корисниците можат да аплицираат за да станат соработници, под услов да ги исполнуваат одредените критериуми, вклучувајќи да бидат постари од 18 години и да имаат верифициран телефонски број. Досега, околу 200.000 луѓе се пријавиле да станат соработници на „белешки од заедницата“. Извор: Новинска агенција МЕТА