На новинарско прашање што ако и понатаму членовите на Судски совет одбиваат да се повлечат по излгласаната интерпелација, премиерот Христијан Мицкоски во „Само интервју“ кажа дека „народот ќе излезе на протести“ и дека тој прв ќе им се приклучи.
„Ќе им се случи народ. Ќе излезе народ на улица и ќе протестира. Народот е гладен и жеден за правда. Замислете, вие имате доверба кај граѓаните помала од два проценти, ве разрешуваат и вие не си заминувате и ќе им се случи народ. Нема играње со тие работи, прв ќе бидам кој ќе застане да го води народот. Еве јас ви ветувам дека тоа ќе се случи.“ кажа Мицкоски во интервјуто.