Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција издала 807 платни налози од кои 172 се однесуваат на прекршоците поврзани со безбедносните норми – неносење на сигурносен појас и зборување на мобилен телефон. Односно конкретно – 102 прекршоци биле изречени за некористење на сигурносните појаси, а пак 70 платни налози за говорење на мобилен телефон при возење.
„Покрај ова, од вкупната бројка платни налози, 211 прекршоци се однесуваат на неправилното паркирање, 180 – на непочитување на дозволената брзина на движење, како и 67 – за управување на возило без возачка дозвола.Инаку, во текот на вчерашниот ден, во 12 случаи евидентирано е минување на црвено светло, 11- возачи се отстранети од сообраќај заради алкохолизираност, а исто толку мотоциклисти се санкционирани заради неносење заштитен шлем, како и 10 пешаци“, информираат од МВР. Како што велат оттаму надлежните полициски организациони единици ќе продолжат со планските засилени сообраќајни контроли.