Косовските граѓани кои живеат во Германија повеќе нема да бидат регистрирани како државјани на Србија, потврди косовскиот амбасадор во Германија Фарук Ајети. „Повеќе од 17 години, стотици илјади косовски граѓани автоматски, неправедно и неправилно се регистрирани како државјани на Србија во различни германски општини. Сега со задоволство можам да соопштам дека, како резултат на нашата дипломатска работа и ангажман, овој долгогодишен и наследен проблем ќе биде доведен до крај – почнувајќи од денес, додаде Ајети. Тој ги повика сите сонародници во Германија да се обратат до надлежните органи во градовите или населените места каде што живеат за да ја исправат својата документација.
View this post on Instagram