И хеликоптер е вклучен во акцијата за спасување на повредени лица од страшната трагедија во Кочани, откако пожар избувна во ноќниот клуб „Пулс“. Хеликоптерот пренесува повредени во ГОБ 8-ми Септември во Скопје.
ТВ21 по патот кон Кочани забележа многу амбулантни возила кои доаѓаат од местото, и кои заминуваат до таму. Сите екипи се на терен, и во тек е огромна спасувачка акција. Пожарот во дискотеката „Пулс“ избил околу 3 часот наутро. Досега бројките на жртви се фрапантни. МИА од извори на МВР пренесува дека има најмалку 50 жртви.